Спа и велнес-туризмот ќе се развива по словенечки модел

Bez autora
Feb 08 2014

Македонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред с`, за спа и вeлнес-туризмот. Соработката е договорена на 10. состанок на Мешовитиот комитет за соработка меѓу Македонија и Словенија, кој се одржа во Скопје. Група словенечки инвеститори во делот на хотелиерството пристигнаа во Скопје, а ќе престојуваат и во охридскиот регион, каде што ќе им бидат презентирани можни локации за изградба на хотели. Соработка веќе има и во делот на спа-туризмот, особено со „Терме Олимпија“, сопственикот на еден од најголемите спа-центри на Балканот. Тие развија концепт за проект во Македонија, а од нив се побарани и искуства што се користат во нашиот концепт за развој на спа и велнес-туризмот. Од неодамна во собраниска процедура се и измените на Законот за минерални суровини со кои ќе се дозволи деливост на концесиите за термоминерални води за да се стимулираат инвестиции во спа и велнес-туризмот.

Спа и велнес-туризмот ќе се развива по словенечки моделМакедонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред с`, за спа и вeлнес-туризмот. Соработката е договорена на 10. состанок на Мешовитиот комитет за соработка меѓу Македонија и Словенија, кој се одржа во Скопје. Група словенечки инвеститори во делот на хотелиерството пристигнаа во Скопје, а ќе престојуваат и во охридскиот регион, каде што ќе им бидат презентирани можни локации за изградба на хотели.

Соработка веќе има и во делот на спа-туризмот, особено со „Терме Олимпија“, сопственикот на еден од најголемите спа-центри на Балканот. Тие развија концепт за проект во Македонија, а од нив се побарани и искуства што се користат во нашиот концепт за развој на спа и велнес-туризмот. Од неодамна во собраниска процедура се и измените на Законот за минерални суровини со кои ќе се дозволи деливост на концесиите за термоминерални води за да се стимулираат инвестиции во спа и велнес-туризмот.

Во рамките на состанокот заменик-министерот за економија Христијан Делев и директорот на Директоратот за економска дипломатија во министерството за надворешни работи во Република Словенија, Станислав Рашчан, потпишаа протокол за стопанска соработка меѓу двете земји.

- Последниве три години соработката меѓу Македонија и Словенија не беше на задоволително ниво, но при крајот на минатата и во почетокот на годинава има знаци на подобрување, особено во делот на извозот на македонски производи на словенечкиот пазар - изјави Делев по потпишувањето на протоколот.

Тој нагласи дека во изминатите два дена разговарале за соработката во делот на инфраструктурата, енергетиката и обновливите извори на енергија, при што бил презентиран новиот повик за изградба на мали хидроелектрани во Македонија, како и проектите за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ и за гасификација на земјава.

- Стана збор и за туризмот во кој е добредојдено словенечкото искуство како лидер во регионот во развојот на езерскиот и на спа и велнес-туризмот. Годинава заеднички ќе имплементираме проект преку УНИДО за езерскиот, руралниот и за спа-туризмот - рече Делев.

Рашчан рече дека трговските односи не се на вистинското ниво, а податоците во 2013 година покажуваат дека стоковата размена меѓу двете земји е речиси 200 милиони евра. При тоа има импресивен резултат од македонската страна со 45 отсто повеќе извоз во Словенија. Сепак и ние сме задоволни, бидејќи имаме зголемување на нашиот извоз во Македонија за 12 отсто, рече Рашчан.

- Бележиме одлични резултати и на полето на туризмот и инвестициите. Имаме преку 10.000 туристи од едната во другата земја, Словенија е четврти инвеститор во Македонија, но очекуваме да се зголемат и македонските инвестиции кај нас. Сакаме да има повеќе македонски земјоделски производи на словенечкиот пазар зашто традиционално се познати како добри и здрави, поради што не е потребно да се прават посебни промоции - прецизира Рашчан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik